Словенија ослабена, без првиот голман против Македонија

3129
Фото: Rokometna zveza Slovenije / Handball Federation of Slovenia

Македонската ракометна репрезентација во март ќе продолжи со битките за пласман на ново големо натпреварување, овој пат за Европското првенство 2026 година. Противник на избраниците на Кирил Лазаров е фаворитот во групата, репрезентацијата на Словенија.

За овој двомеч, Словенците нема да може да сметаат на голманот Клемен Ферлин од Кјелце, кој го повреди коленото на првиот натпревар после паузата од Лигата на шампионите. Засега информациите велат дека тој ќе биде надвор од терените од четири до шест недели, што пак е само потврда дека нема да биде на голот на својата репрезентација.

Македонија е домаќин на првата средба во рамките на квалификациите за ЕП 2026, истата се игра на 12. март во Скопје, додека реваншот е четири дена подоцна во Копер.

Покрај Ферлин во составот на Словенија нема да биде ракометарот на Пелистер, Нејц Цехте кој се повреди на СП, како и Рок Овничек.

Македонија по првите две кола има победа против Естонија и пораз од Литванија.

ПретходноНовак за казната на Синер: Со ова има се помалку доверба во анти-допинг агенцијата!
СледноКонечно Џани Алиоски повторно заигра за Ал Ахли! (ФОТО)