Единствено ОФС Кичево од оддржаните 24 општински Собранија не го поддржа
Масар Омерагиќ за претседател на ФФМ.
Денеска судиите од ОФС Кичево остварија средба во “Куќа на фудбалот” со првиот човек на ФФМ. Му дадоа поддршка за претседател на ФФМ и изразија задоволство од неговиот однос кон нив и силната посветеност на ФФМ за обезбедување на одлични услови за работа, едукација и професионален развој на судиите.
Пораката на Масар Омерагиќ до сите нив останува недвосмислена:
“Очекувам од вас секогаш да судите со праведност и непристрасност. Со почит кон сите фудбалери, тренери и навивачи. Само со фер однос кон сите, можеме да ја зачуваме довербата во фудбалот” .