ТИМ И ИГРАЧ НА 19.КОЛО: Бесарт покажа каков мајстор е

513

И дефинитивно лесно и е на Шкендија кога го има Бесарт Ибраими во своите редови. Така беше и вчера на дуелот со Вардар на Арената. “Бомбардерот“ во моментите на силната иницијатива на Вардар, и шансите, знаеше како да постигне маестрален гол и да однесе дербито во друга насока. Тоа беше неговиот 211 гол во кариерата во ПМФЛ, но и 150-ти во дресот на Шкендија.

И затоа според “СпортСпорт“ токму Ибраими е играч на 19.коло.

Во тимот на колото покрај Ибраими од Шкендија се и Алхасан и Тамба, а тука се и Василев и Потук (Гостивар), Мојсов (Тиквеш), Јанкуловски (Брера), Осеи и Зуљ (Воска), Рамани и Аворнио (Шкупи).

ИГРАЧ НА КОЛО

БЕСАРТ ИБРАИМИ

Тим: Шкендија

Роден: 17.12.1986 во Кичево

Кариера: Влазерими, Напредок, Ренова, Шалке, Севастопол, Таврија, Металург Запорожје, Енозис, Ермис, Шкендија, Ксанти, Струга ТЛ, Шкендија

ПретходноАлкалоид во турбо ритам, денеска домаќин на Борец
СледноДавид Брестовац потпиша за Пелистер