ФИБА Европа праша кој е вашиот омилен херој? Од Македонија го издвои Димитријевиќ!

158
Фото: ФИБА

Македонската кошаркарска репрезентација денеска (18 часот) ќе го одржи првиот тренинг во рамките на мини-подготовките за последните два квалификациски дуели за пласман на Европското првенство 2025 година. Македонија се уште има шанси да се врати на континенталните натпреварувања, треба да ја победи Естонија на гостински терен со над пет поени разлика (21.02), а потоа да ја совлада Полска дома три дена подоцна со надеж дека Литванија ќе ги победи Естонците.

Во меѓувреме, ФИБА Европа излезе со список на ѕвезди од секоја репрезентација. Ги праша фановите која е нивниот омилен херој потенцирајќи дека можат да гласаат. Секако на овој список од Македонија се најде Ненад Димитријевиќ, нашиот најдобар кошаркар во овој момент.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: П.Ѓ. ОД БИТОЛА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 6.604.025 ДЕНАРИ
СледноКасемиро посочи што го советувал Винисиус за провокациите!