Флик до играчите на Барселона: Нема зборување и протести кон судиите!

525

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, им порачал на своите играчи да внимаваат на однесувањето кон судиите, откако на играчот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, му беше покажан директен црвен картон поради расправија со судијата за време на ремито со Осасуна. Белингем по натпреварот изјави дека не го навредувал судијата и ја опиша ситуацијата како недоразбирање.

Флик, говорејќи пред натпреварот кој вечерва Барса на домашен терен го игра  против Рајо Ваљекано, им рекол на играчите дека мора да избегнуваат конфликти со судиите.

„Тоа е непочитување, за мене е. Но јас не сум личноста која одлучува за казните“, изјави Германецот на својата прес-конференција.

„Не ми се допаѓа ваквото однесување и денеска им кажав на моите играчи дека ова е многу важно. Не е добро за тимот кога го правите ова и може да добиете црвен картон. Тоа е слабост и ова не ми се допаѓа. Има едно лице на теренот на кое му е дозволено да зборува со судијата, а тоа е капитенот. Мора да го прифатиме тоа“, додаде тој.

ПретходноДавид Брестовац потпиша за Пелистер
СледноСудиите од Кичево му дадоа поддршка на Масар Омерагиќ