ФОТО НА КОЛОТО: Срамниот однос на раководството на Шкендија при интонирањето на химната на Македонија!

1532

И дефинитивно е јасно дека фото на ова 19.коло, па и фото на неделата, па и месецот, е она на која јасно се гледа како луѓето од раководството на Шкендија, без срам и перде си седат додека се интонира химната на државата Р. Македонија.

Искрено, ретко кој очекуваше дека токму Шкендија, поточно претставниците на еден од нашите најголеми клубови, ќе се избрукаат за сите пари.

Мина 24 часа од тој настан, “СпортСпорт“ уште за време на мечот со Вардар ја објави таа информација и оваа фотографија а официјална реакција од тетовскиот клуб сеуште нема.

Посебно боли што ова го направи спортскиот директор на Шкендија, Ардијан Цуцули, кој забележал шест настапи за А-репрезентацијата на Македонија, а и десетина пати играл и за младинските селекции на Македонија.

Тогаш стоеше на химната на неговата земја, тогаш му беше убаво, а сега?

Ех, Ардијан, Ардијан….засрами се!

Ова е и твоја држава и ти можеш да не ја сакаш, но мораш да ја респектираш.

Земи пример од резервните твои играчи, кои исправено и гордо стоеја на химната додека ти седиш.

Срам да ти е и срам да им биде на сите до тебе.

ПретходноНови проблеми за Барселона: Ла Лига откри наводна измама
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: П.Ѓ. ОД БИТОЛА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 6.604.025 ДЕНАРИ