Јасно е дека со Ти Џеј Шорст и со Ненад Димитријевиќ во составот, нашата кошаркарска репрезентација и тоа како добива на квалитет. И двајцата играат одлично своите клубови Париз и Милано Олимпија, и двајцата се во форма.
Токму зата очекувањата од нив се најголеми за претстојните дуели со Естонија и Полска во квалификациите за ЕП 2025.
Ти Џеј Шортс попладнево на собирот на нашата репрезентација истакна:
„Дефинитивно сум возбуден што пак ќе играм за нешто повеќе од тим, тоа е државата. Се надевам дека ќе помогнам и ќе го направиме нашиот дел да победиме со Естонија и Полска и ќе видиме што ќе биде. Чекам на предизвикот. Мене ми е исто дали играм за Париз и Македонија, ќе се потрудам да помогнам. Нено е лидер на тимот, а јас ќе го дадам моето да му помогнам да го симнам товарот од него. Не сакам да зборувам за очекувања, туку сакам да помогнам да се победува. Знам дека Естонија е млад и гладен тим за успеси. Ќе мора да имаме добра енергија, затоа што знам дека имаат одлична публика. Последен пат кога играв со Естонија во дресот на Македонија, го почувствував тоа. Ни дадоа „удар по устите“ многу рано и бевме во проблеми. Сега сакам да биде поинаку“