Штип УГД и Работнички денеска го затвораат колото, Борец освои сет против шампионот

68

Со дерби дуелот меѓу Штип УГД и Работнички 71&22 денеска ќе се комплетира третото коло од главната фаза во плеј-оф делот во домашниот одбојкарски шампионат. Штипјани кои славеа во дербито со Струмица, сега се надеваат дека ќе ја продолжат победничката низа и на мечот со скопјани, кои со резултатите сезонава покажаа дека имаат реални шанси да се борат со најдобрите и за врвот во домашната одбојка.

Викендов големото тетовско дерби меѓу Шкендија и Универзитет во Тетово им припадна на „студентите“ по пет извонредно интересни и неизвесни сетови. Струмица на гостувањето во Велес против Борец, го загуби првиот сет, но потоа возврати со три освоени сетови за конечна победа.

Во плеј-аутот максимални победи за Сушево, Македонија Џио и Скопје.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ – ВТОРА ФАЗА 1, 3. КОЛО

ГОК Борец – Струмица  1:3 (25:23, 23:25, 22:25, 18:25)

Шкендија – Универзитет во Тетово  2:3 (25:20, 25:27, 18:25, 25:17, 11:15)

Штип – Работнички 71&22  (денеска 17:30 ч.)

ТАБЕЛА (ПЛЕЈ-ОФ): 1. Струмица (43), 2. Штип УГД (38), 3. ГОК Борец (34), 4. Работнички 71&22 (26), 5. Универзитет во Тетово (27), 6. Шкендија (26).

ПРВА ЛИГА – МАЖИ – ВТОРА ФАЗА 2, 3. КОЛО

Македонија Џио – Вардар  3:0 (25:4, 25:15:25:16)

Јанта Волеј – Скопје  0:3 (21:25 17:25, 25:27)

Сушево – Весна Пробиштип  3:0 (25:16, 25:20, 25:19)

ТАБЕЛА (ПЛЕЈ-АУТ): 1. Лирија (21), 2. Вардар 1947 (15), 3. Сушево (14), 4. Македонија Џио (13), 5. Скопје (12), 6. Весна Пробиштип (10), 7. Јанта Волеј (3).

ПретходноГо победи Лилард во „тројки“ и освои 100.000 долари (ВИДЕО)
СледноПеп: Шансите да го елиминираме Реал (М) ни се помали и од 1%