Во последниот меч од 18.коло во нашата ракометна елитбна лига, ракометарите на Алкалоид, сосема очекувано, на рутинска начин славеа победа против Борец со 42:30.
Иако стратегот Кирил Лазаров, комбинираше со составот, сепак фаворитот во целост ја оправда довербата и дојде до нова победа, висока и убедлива. Едноставно велешани немаа никакви шанса за било што на ова гостување кај Алкалоид.
Ова беше 17-та победа за составот на Лазаров, кој има само еден пораз па така и натаму се наоѓа на чело на табелата. Второто место го делат Пелистер и Вардар со по два порази во изминатите 18.коло.
Уште на стартот Алкалоид покажа сила, немаше дилеми кој ќе биде победникот, па на пауза се замина со 23:16. Во второто полувреме велешани колку и да се обидуваа да дојдат до попристоен пораз, сепак беа немоќни па на крајот лидерот овој мел го доби со +12 голови разлика.
Кај победникот Мартин Ивановски постигна 11 голови, додека кај поразениот состав се истакна Трифуновски со седум погодици.
Секако дека ова беше убаво “загревање“ за Алкалоид пред саботниот реванш со Бриксен во осминафиналето во Европскиот Куп.