Преживеа срцев удар, му рекоа да не игра фудбал, но тој се врати и постигна гол (ВИДЕО)

194

Алжирскиот интернационалец Набил Бенталеб се врати на теренот за првпат од јуни минатата година! Од човек на работ на смрт поради срцев удар, предизвикана кома и лекарска препорака дена најдобро е никогаш повеќе да не игра фудбал, Бенталеб продолжи да постигнува голови само четири минути по враќањето на теренот.

Инаку, во јуни 2024 година, Бенталеб доживеал срцен удар додека играл фудбал во сала. Потоа беше опериран и му беше вграден електростимулатор. Лекарите му советувале дека е најдобро да се откаже од фудбалот, но тој реши да се врати на терените со нови голови.

„За ова вреди да се снима филм. Тој тоа го заслужи. Не верувам во среќа, но тој веруваше во себе. Неверојатна, убава приказна. Тешко е да се опише што ни значеше тој гол. Тоа беше момент кој ја одбележа сезоната, кој ќе остане врежан во историјата на клубот и во меморијата на Набил“, изјави тренерот на Лил, Бруно Женесио.

ПретходноТимот на Шек победи на Ол-Стар мечот, Стеф Кари прогласен за МВП (ВИДЕО)
СледноНе било до него: Ентони во Бетис трипати по ред е прогласен за Играч на натпревар!