Судиите од Кичево му дадоа поддршка на Масар Омерагиќ

299

Единствено ОФС Кичево од оддржаните 24 општински Собранија не го поддржа
Масар Омерагиќ за претседател на ФФМ.

Денеска судиите од ОФС Кичево остварија средба во “Куќа на фудбалот” со првиот човек на ФФМ. Му дадоа поддршка за претседател на ФФМ и изразија задоволство од неговиот однос кон нив и силната посветеност на ФФМ за обезбедување на одлични услови за работа, едукација и професионален развој на судиите.

Пораката на Масар Омерагиќ до сите нив останува недвосмислена:

 “Очекувам од вас секогаш да судите со праведност и непристрасност. Со почит кон сите фудбалери, тренери и навивачи. Само со фер однос кон сите, можеме да ја зачуваме довербата во фудбалот” . 

ПретходноФлик до играчите на Барселона: Нема зборување и протести кон судиите!
СледноСелекторот Александар Андов го објави списокот, без Андонова против Косово