Македонија повторно се обидува со Арда Куртулан

670

Турските медиуми денеска пишуваат, а албанските пак пренесуваат дека Македонија, поточно Фудбалската Федерација, повторно го контактира Арда Окан Куртулан.

Десниот бек на тимот на Адана кој што во минатото за нас беше интересен за настап за У21 репрезентацијата.
Тој тоа го стори, но само на пријателски мечеви затоа што Македонија никогаш не му извади пасош. Тогашните несогласувања на релација Агенција за Спорт и Млади – ФФМ доведоа до тоа да настрада самиот играч кој што имаше желба да настапува за Македонија но немаше можност.

Во меѓувреме реагираше Албанија!?, како што тоа многу често бива и му извади веднаш, по итна постапка пасош, па Куртулан одигра едни квалификации за Албанија.

Правен основ некогашниот младинец на Фенербахче да заигра за Македонија има, затоа што има право на промена на спортскиот пасош.

Ние кубуриме со оваа позиција откако Стефан Ристовски не е веќе дел од репрезентацијата, па играч кој што редовно игра во Супер лигата на Турција одлично би ни дошол.

 

ПретходноКапинковски денеска дебитира против Босна
СледноЛШ плеј – оф: Баерн и Бенфика на чекор до 1/8 финале, Италијанците “бркаат“ негатива!