Во последно време не може да помине барем еден натпревар, посебно во Ла Лига, за да Реал Мадрид не се пожали на судењето. Сите во клубот, а посебно раководството преку клупската ТВ има што да каже. Јасно е дека „кралевите“ се гневни, сефа со право или не, тоа е друга тема, но исто така јасно е дека имаат намера и тоа како нешто да преземат.
Па така по мечот со Осасуна, кој заврши 1:1 и по кој “кралевите“ повторно обвинија за судиска кражба, медиумите во Шпанија пренесуваат сензационална вест.
Имено тие пренесуваат дека првиот човек на клубот, Флорентино Перез има намера да го направи најлудиот потег во историјата на Реал Мадрид.
Дон Флорентино, барем така велат инсајдерските информации ја разгледувал можноста Реал Мадрид да ја напушти Ла Лига да се “пресели“ во Серија А или Бундеслигата.
Неверојатно!
Од друга страна ова може да се сфати и како своевиден притисок зошто и Ла Лига без Реал Мадрид и тоа како ќе си има проблеми.