Актуелната репрезентативка на Соединетите Американски Држави во фудбал на песок, Мариса Никол Васкез е ново засилување за ЖФК Љуботен. Како што објавија од тетовскиот состав, Мариса Васкез е најновото засилување, кое доаѓа од Сан Франциско и има големо искуство во Колеџ натпреварувањата во САД.
„Со Мариса добиваме голема сигурност во средниот ред како технички, тактички и агресивност и може да помoгне на сите позиции, спремна е за предизвиците кои ни следат во престојната полусезона, а се надеваме заедно до одбрана на титулата!“, велат од ЖФК Љуботен.