Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер не верува особено во шансите на тимот од северен Лондон оваа сезона за шампионската титула во Англија. Тимот на Микел Артета заостанува 7 бода зад лидерот Ливерпул, а шампионската титулата ја нема освоено од 2004 година.
„Веќе одигравме 25 натпревари во сезоната, а Ливерпул загуби само еднаш (пораз од 0-1 од Нотингем Форест во септември). Тие треба да загубат најмалку три од нивните преостанати 13 натпревари пред крајот на сезоната. Шансите за тоа се мали, тие се супер фаворити“, изјави Венгер во студиото beIN SPORTS и додаде:
„За да Арсенал да биде шампион, Ливерпул ќе треба да испушти доста бодови, а истовремено Арсенал ќе треба да има перфектна серија. Се молам ова да се случи, но по се изгледа ќе треба малку повеќе да се молам“, вели Венгер.
Сè уште има надеж во календарот на Арне Слот во Премиер-лигата, сепак, тимот треба да игра со Астон Вила, Манчестер Сити, Њукасл и Фулам пред да му гостува на Арсенал во 36. коло на 10 мај, што се очекува да биде финале на сезоната.