Во Талин ќе биде како во кошница: Мечот со Македонија комплетно распродаден!

763

Македонската кошаркарска репрезентација ќе има уште еден проблем на патот да се оствари посакуваната победа над Естонија во Талин. Според последните информации кои доаѓаат од таму, „Унибет Арената“ во Талин каде ќе се одигра мечот во петок е комплетно распродадена.

Тоа значи дека во салата ќе има над 7.000 навивачи, кои ќе се обидат со гласна поддршка да им дадат дополнителен елан на своите кошаркари за добар резултат против момците на Јончевски.

Македонија само со победа на овој меч останува во трка за место на Евробаскетот.

ПретходноНов тениски „земјотрес“: Италијанците подготвуваат нов Грен Слем турнир
СледноПелистер го закажа дербито со Алкалоид!