Бурата во светскиот тенис не стивнува откако светскиот тенисер број еден, Јаник Синер беше суспендиран на три месеци, бидејќи лани во март двапати беше позитивен на допинг тест за време на Мастерсот во Индијан Велс.
На оваа тема се огласи и второрангираниот светски тенисер Александар Зверев, кој неодамна загуби од Синер во финалето на Австралија опен.
“Тоа е чудна ситуација бидејќи процесот беше долг и на почетокот го пуштија да си оди, но потоа ВАДА сакаше да погледне. Ако ме прашате мене, постојат две опции – да не сте виновен и да не добиете суспензија. Но, ако сте виновен, и земате стероиди, три месеци не е суспензија.
Треба да утврдите дали е тој виновен или не. Ако не е, тогаш не треба да биде казнет ниту три месеци. Но, ако е така, тогаш ова е чуден начин. Целиот процес и целата ситуација од минатата година се само чудни”, истакна германскиот тенисер.