Капинковски денеска дебитира против Босна

751

Новиот селектор на У18 репрезентацијата на Македонија, Димитар Капинковски денеска ќе дебитира на кормилото со дуел против селекцијата на Босна во Скопје.

Мечот наместо на стадионот во Ѓорче Петров од 13:00 часот ќе се одигра на ФФМ поточно на комлексот Петар Милошевски. Промената е направена поради временските услови и врнежите од снег во текот на вчерашниот ден.

Селекторот Капинковски за овој собир одбра играчи кои што во изминатиот период се истакнаа со игрите за У17 селекцијата, како и во домашната Супер лига. Нешто е доведено и од странство, поточно дел од репрезентативците се од шампионатите на Словенија, Италија, Швајцарија, и ова е добра можност да се увиди нивната форма.

Вториот дуел со Босна се игра в четврток од 11:00 часот. Пренос од дуелите има на каналот на ФФМ.

ПретходноВенгер го отпиша Арсенал за шампионската титула
СледноМакедонија повторно се обидува со Арда Куртулан