Киву е нов тренер на Парма

88

Некогашниот репрезентативец на Романија, и икона на фудбалот во оваа земја, Кристијан Киву е нов тренер на екипата на Парма. Откако сега веќе екс тренерот Фабио Пекија, доби отказ, менаџментот на Парма, му ја додели довербата на Киву да се справува со ситуацијата сезонава.

Мора да се напомене дека Кристијан Киву досега нема водено сениорски тим како тренер, туку долги години беше прв човек на Академијата на Интер.

Првичниот обид на Парма да го доведе Игор Тудор за тренер не бил успешен па како што јавуваат италијанските медиуми Киву влетал како резервна варијанта.

ПретходноКинески тим наскоро во Формула 1
СледноАнчелоти: Далеку помирен сум со судиите во ЛШ