Кинески тим наскоро во Формула 1

85

Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулејем изјави дека би сакал да види тим од Кина во Формула 1.

„Последниве две години сонував големите земји да влезат во Формула 1. Сега ќе имаме тим од САД кој ќе се натпреварува со поддршка на Џенерал Моторс. „Следниот чекор е да се привлече кинески производител на автомобили“, коментира Бин Сулајем во интервју за „Фигаро“ па додава.

„Отсекогаш сум велел дека ни требаат помалку натпревари и повеќе тимови. „Многумина беа против оваа одлука, но се покажа дека е добра за нашиот спорт“, додаде тој.

Од 2026 година Кадилак ќе се приклучи на светскиот шампионат во Формула 1 како единаесетти тим.

ПретходноСудиската организација при ФФМ со реакција на соопштението на ФК Шкендија
СледноКиву е нов тренер на Парма