Веќе нема дилеми дека уште една сезона е завршена за Манчестер Јунајтед, во поглед на некој си успех во Премиерлигата. Но оваа сезона е посебно тешка зошто овој Јунајтед во моментов се наоѓа на 15.место на табелата.
По поразот од Тотенхем, легендата на клубот од “Олд Трафорд“, Гери Невил, истакна:
„Ако ги земете најдобите играчи на Тотенхем, мислам дека само еден од Манчестер Јунајтед би нашол во стартниот состав на тој тим од Лондон. Тоа е само Бруно Фернандеш. Би се двоумел меѓу Кулушевски и Диало, но сепак предност би му дал на Швеѓанецот. Ова не е изјава дадена во лутина или гнев, или некоја емотивна изјава. Ова е вистината колку и да е таа жална за сите во Манчестер Јунајтед. Тажно е ова што се случува со овој клуб“ посочи Гери Невил.