ЛШ: Баерн се извлече во последните секунди, Бриж го шокираше Бергамо (ВИДЕО)

575

Фудбалерите на Бриж го направија најголемото изненадување во вечерашните реванш мечеви од плеј-оф колото во Лигата на шампионите. На реваншот во Бергамо, екипата од Белгија и вторпат го совлада фаворитот Аталанта, овој пат со 1:3 и сосема заслужено се најде меѓу осминафиналистите на најсилното европско клупско натпреварување.

Уште во првата минута со голот на Талби, Бриж дојде во водство од 0:1 и најави сензација. Истиот фудбалер во 27. минута зголеми и на 0:2, а со голот на Јутгла во 45. минута Бриж дојде до големи 0:3 на полувреме и отворен пат кон осминафиналето. Аталанта со голот на резервистот Лукман на стартот на вториот дел намали на 1:3, а истиот фудбалер промаши пенал во 61. минута, кој можеше да биде пресвртница на мечот. До крајот не видовме нов гол, а Бриж завери место во следната рунда.

Баерн (М) се препоти на домашен терен против Селтик. Гостите изненадувачки дојдоа до предност од 0:1 со голот на Кун во 63. минута, па Баерн мораше во последните секунди од судиското продолжение, среќно, со голот на резервистот Алфонсо Дејвис да израмни на 1:1, што беше доволно за осминафинале.

Меч со 6 гола водовме во Лисабон. Таму домашните поведоа, па Монако со два гола направи пресврт за 1:2. Кога се чинеше дека на гостите им оди се од рака, на сцена стапија Павлидис и Кокчу, кои двапати израмнуваа (2:2 и 3:3), што на крајот беше сосема доволно Португалците да одат во следната фаза.

ПретходноПелистер го закажа дербито со Алкалоид!
СледноХаланд возеше едно од најскапите Порше и одби да дава автограми