Македонија загуби на првиот дуел против Босна (ВИДЕО)

838

Македонската фудбалска репрезентација до 18. години загуби на првиот тест натпревар против соодветната селекција на Босна. Мечот одигран на комплексот Петар Милошевски заврши со конечни 1:3, а сите голови беа постигнати во второто полувреме.

Нашиот тим имаше свои моменти на овој дуел, но сепак, противникот беше тој кој што ги искористи своите шанси.

Дин Рамиќ на стартот на второто полувреме ги добеде босанците во водство од 0:1, за да на 0:2 зголеми Бенјамин Кадириќ.

Шанса за поволен резултат ни даде Ненад Дамјаноски кој искористи една мешаница во противничкиот шеснаесетник по корнерот на Грашески. Сепак, не издржавме предолго во резултатот 1:2, затоа што Боговиќ искористи еден добро одработен контра напад и ги постави конечните 1:3.

Македонија: Трајковски, Рочи, Џангаровски, Кесиќ, Мустафи, Дамјаноски, Ангелевски, Хоџа, Грашески, Бранковски, Буцевски

 

ПретходноПеп Гвардиола најде замена за Де Брујне
СледноЗинедин Зидан инвестира пет милиони евра во град со 7.000 жители!