Нов тениски „земјотрес“: Италијанците подготвуваат нов Грен Слем турнир

540

Додека светот на тенисот го тресе скандалот „Јаник Синер“, пристигнуваат нови шокантни вести поврзани со белиот спорт. Еден од најпрестижните италијански весници тврди дека во тек се напори тениската федерација на Италија да ги откупи правата на еден од најголемите турнири во Шпанија, популарниот Мадрид Опен. „

Според „Ла Стампа“, Италијанската тениска и падел федерација (ФИТП) понудила 550 милиони долари до IMG, актуелниот сопственик на Мадрид опен. Нивната цел, наводно, е да ја добијат таа недела од календарот на АТП и ВТА за да можат да го продолжат времетраењето на Мастерсот во Рим на две цели недели, луксуз што моментално е достапен само за Грен слем турнирите.

Се вели дека ФИТП „сонува“ да биде домаќин на петто големо натпреварување, практично петти Грен Слем, што е многу амбициозно и малку веројатно.

Минатиот октомври беше потврдено дека сегашните сопственици почнале да размислуваат за продажба на правата за одредени настани во рамките на нивното портфолио на IMG, вклучувајќи ги Мадрид опен и Мајами опен, кои се т.н. „комбинирани настани“.

Ваквиот потенцијален потег ќе биде многу контроверзен и веројатно ќе наиде на голем отпор во Шпанија, со оглед на тоа што тенискиот турнир во Мадрид е најголемиот во таа земја.

ПретходноАмериканска репрезентативка во дресот на ЖФК Љуботен
СледноВо Талин ќе биде како во кошница: Мечот со Македонија комплетно распродаден!