Пелистер го закажа дербито со Алкалоид!

854

Пелистер го закажа дербито со Алкалоид, дуел кој ќе решава кој ќе заврши на првото место во Супер-лигата пред стартот на битката за титулата. Актуелниот македонски првак ќе го пречека актуелниот освојувач на Купот на Македонија во понеделник, дуелот е со почеток во 18 часот.

По оваа средба ќе биде познато колку бода ќе пренесат во плеј-офот: Алкалоид, Пелистер и Вардар. Во овој момент, избраниците на Кирил Лазаров се лидери на табелата со два бода повеќе од споменатите конкуренти. Доколку Алкалоид од Битола си оди со реми, победа или пораз под осум разлика, сигурно ќе пренесе три бода, додека останатите два тима по два.

За лидерското место пред стартот на плеј-офот има уште неколку комбинации. Ќе се чека конечниот расплет од дербито во Битола, па по истото ќе биде познат изгледот на табелата.

ПретходноВо Талин ќе биде како во кошница: Мечот со Македонија комплетно распродаден!
СледноЛШ: Баерн се извлече во последните секунди, Бриж го шокираше Бергамо (ВИДЕО)