Синот на Буфон ќе заигра за репрезентацијата, но не на Италија?!

828

Фудбалерот на Пиза, Луj Буфон, кој има само 17 години, наскоро ќе го има првиот настап за националниот тим, но не на Италија. Имено, синот на легендарниот голман на италијанската репрезентација Џиџи Буфон, ја прифати поканата да заигра за земјата на неговата мајка и позната манекенка Алена Шередова, Чешка.

Тој ќе игра за репрезентацијата на Чешка до 18 години на чиј список веќе се наоѓа и неговото име.

Во март младата селекција на Чешка ги очекува натпреварите во Португалија каде ќе играат против домашната селекција, Англија и Франција.

ПретходноЛШ: Црвениот картон на Ернандез пресуди: Феенорд го елиминираше Милан (ВИДЕО)
СледноИсторија: 32 години сонуваа за осминафинале во ЛШ!