Тениски турнир прекинат поради истрели од огнено оружје и солзавец (ВИДЕО)

226

АТП Челинџер турнирот во Бразавил, главниот град на Република Конго, накратко беше прекинат поради истрели од огнено оружје и солзавец, што јасно се слуша и се гледа на видеото објавено на социјалните мрежи.

Прекинати биле натпреварите меѓу Оден (Холандија) и Денисов (Русија), Кулибали (Брегот на Слоновата Коска) и Штајнер (Германија) и Келовски (Чешка) и Рејес (Бразил).

Во горниот десен агол на видеото се гледаат вознемирувачки сцени од толпа луѓе кои бегаат од солзавец, додека во позадина ги следи полициско оклопно возило.

ПретходноСудијата кој го исклучи Белингем под истрага, имал компанија која соработува со клубови од Ла Лига!
СледноЛШ: Црвениот картон на Ернандез пресуди: Феенорд го елиминираше Милан (ВИДЕО)