Холандски Феенорд со вечерашниот успех во Милано и елиминацијата на Милан успеа да прекине негативна историја долга повеќе од 30 години. Имено, составот од Ротердам успеа да се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите по пауза подолга и од 30 години.
Тимот од „Де Кујп“ последен пат играше во 1/8-финале во 1993 година. Треба да се напомене дека во сезоната 1999/2000 стигна до втората групна фаза, односно беше меѓу 16-те најдобри екипи.
Во следната рунда Феенорд ќе игра или со Интер или со Арсенал.