Тренерот на Барселона, Ханси Флик одби да ја коментира спорната ситуација со поништениот гол на Рајо Ваљекано на натпреварот помеѓу двата тима (1:0). Тој изјави дека верува во ВАР и ако така одлучиле судиите, тогаш тоа е правилна одлука. Тој беше позадоволен од победата, со која неговиот тим се врати на врвот на табелата во Ла Лига.
“Бевме малку уморни и се соочивме со силен противник. Важно е дека ја завршивме нашата работа и сме среќни. Момците се среќни, а и јас. Знам дека можеме повеќе, но моментално сме во серија од девет меча без пораз. Се искачивме на првото место, што е многу позитивно”, изјави Флик.
За поништениот гол: „Не ја видов ситуацијата. Имаме ВАР и верувам во ВАР. Тоа е се што имам да кажам“.
На крајот, тој го коментираше и отстранувањето на Жул Кунде од составот, кој доцнеше на тимскиот собир пред натпреварот.
“Кунде задоцни и затоа не играше денес. Тоа се случи на денот на натпреварот, имаме 2-3 натпревари и не е толку тешко да се дојде на време. Кунде доцни, но јас имам јасни правила и ова не треба да се повтори. Но, тоа е дел од фудбалот. Вакви работи се случуваат. Да застанеме тука”, заклучи Германецот.