Христов, Најдоски и Пандев „скаутираат“ на ФФМ

2545

Македонската фудбалска репрезентација до 18. години во моментов на комплексот Петар Милошевски во Скопје го игра првиот од двата пријателски мечеви против соодветната репрезентација на Босна.

На трибините се наоѓаат и раководните структури на ФФМ, поточно директорот на младинските репрезентации на Македонија, Ѓорѓи Христов, Илија Најдоски, исто така еден од блиските соработници на претседателот Масар Омерагиќ, како и директорот на сите репрезентации, Горан Пандев.
Секако дека овие тројца и тоа како со својот авторитет, знаење и искуство се потребни на секој ваков меч за да бидат од помош на актуелните селектори во правилниот избор и водење на младинските репрезентации.

ПретходноМатеј Момчиловски на позајмица во Бриње Гросупље
СледноЗверев за Синер: Тоа не е суспензија!