Фудбалерите на Феенорд направија големо изненадување елиминирајќи го Милан во 1/16-финалето на Лигата на шампионите, откако вечерва на „Сан Сиро“ одиграа 1:1 и благодарение на победата на домашен терен од 1:0 се најдоа меѓу осминафиналистите во најсилното европсконатпреварување.
Милан го заврши учеството во Лигата на шампионите откако имаше и резултат и игра, но еден глупав потег на Тео Ернандез на крајот го чинеше елиминација. Имено, домашните поведоа уште во 1. минута од мечот со голот на екс-фудбалерот на Холанѓаните, Хименез и се добро одеше до 51. минута, кога бекот на „росонерите“, Ернандез, не направеше една актерска точка во шеснаесетникот на гостите поради која полскиот судија Марчинјак му додели втор жолт картон и предвреме го испрати во соблекувалните.
Овој подарок од Милан, Феенорд го искористи во 73. минута, откако Хулијан Каранца направи одличен скок и ја упати топката во мрежата на Милан по одличното нафрлување на Хуго Буено.
Милан имаше неколку шанси до крајот, но гостите маестрално ја контролираа средбата и обезбедија осминафинале.