Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло на турнирот во Доха

268

Најдобриот тенисер во историјата на белиот спорт, Новак Ѓоковиќ беше поразен во првото коло на тенискиот турнир во Доха од Италијанецот Матео Беретини со 2:0, по сетови 7:6 (4), 6:2.

Ѓоковиќ и Беретини одиграа возбудлив прв сет кој заврши со тај-брејк кој му припадна на Италијанецот, а во вториот сет Беретини издоминира и сосема заслужено се најде во следното коло.

Матео Беретини во четвртфиналето ќе се соочи со Грикспур од Холандија, кој денеска по нешто повеќе од два часа игра го совлада Јан-Ленард Штруф со 7:6 (5), 7:6 (7).

ПретходноЛинекер: Ливерпул е најголем фаворит за трофејот од ЛШ, по нив се Реал, Интер, Атлетико…
СледноСудијата кој го исклучи Белингем под истрага, имал компанија која соработува со клубови од Ла Лига!