Вечерва и утре се играат реванш дредбите од лиминационата фаза од Лигата на Шампионите. Главна тема секако повторно е дуелот Реал Мадрид – Манчестер Сити, кој сега се игра во Шпанија. Првиот дуел заврши со триумф на Реал од 2:3 среде Манчестер.
На денешната официјална прес конференција пред мечот, тренерот на Реал Карло Анчелоти изјави дека далеку посигурно се чувствува во Лигата на Шампионите отколку во Примера што се однесува до арбитражата. Плус додаде дека изјавите на Пеп Гвардиола дека шансите на Сити да мине во следната фаза се 1% се само „фол“.
„Што очекувам од натпреварот? Да биде спектакуларен и многу тежок. Треба да се подготвиме. Нашиот план е ист како и за последниот натпревар, но мора да имаме предвид дека ќе биде тешко. Гвардиола навистина не го мисли тоа што го кажа. Ќе го прашам утре пред натпреварот. Мислиме дека немаме 99% шанси да продолжиме. Имаме мала предност по првиот натпревар и треба да ја искористиме.
Рудигер би можел да стартува, Чуамени би можел да игра во средниот ред, а Асенсио би можел да биде централен дефанзивец. Ќе видиме. Треба да видиме и како ќе биде ситуацијата со Валверде, кој чувствуваше болка по мечот со Осасуна. Десно може да игра и Раул Асенсио. Лукас Васкез би можел да биде на клупата, но нема да стартува бидејќи не е целосно закрепнат“, изјави Анчелоти па поентираше на тема судење.
„Немам што да додадам. Изненаден сум што ова продолжува да се случува. Не сме задоволни од тоа што се случи против Осасуна, Атлетико… три натпревари во кои бевме оштетени од судиските одлуки. Се надеваме дека Белингем нема да биде казнет. На европските мечеви има помалку контроверзни одлуки и помалку интервенции на ВАР во Лигата на шампионите, се чувствувам порелаксирано со нив“. – изјави Анчелоти.