„Јас и Верстапен пријатели? Никогаш!“

486

Новата сезона во Формула 1 и тоа како со нетрпение се очекува. Стартува на 16 март а ќе биде супер интересно пред се поради Луис Хамилтон кој ќе вози во болидот на Ферари.

Од друга страна атмосферата полека, но сигурно се загрева. Имено Џорџ Расел, еден од возачите на Мерцедес истакна дека веќе нема респект кој светскиот првак Макс Верстапен и дека тие двајца никогаш веќе нема да бидат пријатели.

Нивната нетрпеливост започна од тркката мината година во Катар, откако Макс беше казнет поради тоа што му попречуваше на Расел. По тоа Холанѓанецот истакна дека го загубил сето почитување кон возачот на Мерцедес.

Деновие Расел истакна:

Да бидам искрен немам намера да разговарам со него. Едноставно не ме интересира. Секако дека нема да бидеме пријатели, тоа е сигурно“.

На ова Макс врати:

Немам што да кажам на оваа тема. Никако не сум загрижен за него и за тоа како тој ќе вози“.

ПретходноПознато е што бара Салах за потпишување на нов договор со Ливерпул!
СледноАморим нема да ја дочека следната сезона на клупата на Манчестер Ј.?