Денес на покана на Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, нејзината екселенција г-ѓа Ангела Ангелер, беше одржан прием за машкиот национален сениорски ракометен тим.
Во рамки на посетата Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и селекторот Кирил Лазаров и подарија македонски дрес и топка своерачни потпишана од сите ракометари кои учествуваа на СП 2025.
РФМ упати голема благодарност за приемот и поддршката која ја добива од Соединетите Американски Држави.
Инаку познато е дека г-ѓа Агелер ги следеше натпреварите на Македонија на СП во Вараждин и беше една од најголемите фановите на четата на селекторот Лазаров.