Големо изненадување за сите беше вчерашната информација дека фудбалерите на Манчестер Јунајтед се незадоволни од работата на Рубен Аморим. Како што стојат работите, неговото време на „Олд Трафорд“ е при крај, а двајца тренери веќе се посочени како можни алтернативи за работа во Манчестер Јунајтед.
Аморим загуби девет од 21 одигран натпревар во сите натпреварувања откако го презеде Манчестер Јунајтед. Манчестер Јунајтед оваа сезона загуби пет натпревари на „Олд Трафорд“ во Премиер лигата, а стилот на игра што го промовира Рубен Аморим е доведен во прашање.
Кога ја презеде менаџерската функција во тимот од Манчестер, Рубен Аморим беше јасен и рече дека нема да ги менува тактичките принципи, а се држи до нив и покрај лошите резултати на Манчестер Јунајтед. Гери Невил беше многу критичен кон тактиката која Аморим ја подготви за натпреварот против Тотенхем кој Манчестер Јунајтед го загуби со 1-0.
Претходно оваа недела, Дејли Мејл тврдеше дека неименуваните играчи на Манчестер Јунајтед изразиле сериозни сомневања за тактиката на Аморим. Во пресрет на следната сезона мора да се донесат некои одлуки, а очигледно главната е дали Рубен Аморим ќе остане или ќе се бара нов тренер за новата сезона. Во игра се три имиња, барем ако им се верува на шпанските и англиските новинари, а тоа се Зинедин Зидан, Томас Тухел и Маурисио Покетино.