“Бомба“ од Мадрид: Наследникот на Карло Анчелоти ќе биде Шпанец, но не е Чаби Алонсо!

1228

Веќе со денови и месеци наназад се говори, шпекулира дека по крајот на оваа сезона Карло Анчелоти ќе мора да си оди од Реал Мадрид иако има договор со “кралевите“ до следниот јуни 2026 година.

Исто така веќе подолго време се напоменува дека негов наследник ќе биде Чаби Алонсо, шпанскиот стратег кој минатата сезона со Леверкузен правеше чуда.

Сепак, во последните ден-два, во медиумите во Шпанија и на Островот, лансирана е вистинска “бомба“. А тоа е дека наследникот на Дон Карло ќе биде Шпанец, но не е Чаби Алонсо туку Андони Ираола.

Познато е дека Борнмут со Ираола на клупата оваа сезона го игра веројатно најубавиот фудбал во светот, а има и фантастични резултати во Премиерлигата.

Се наведува дека Флорентино Перез и тоа како размислува токму на Ираола да му ја довери клупата на Реал Мадрид.

Инаку за Ираола силно е заинтересиран и Тотенхем, но и неколку други големи клубови во Англија.

ПретходноНовак елиминиран и во двојки на турнирот во Доха!
СледноЈани Атанасов позајмен во екипата на Пушча