Пцовките на Џуд Белингам и црвениот картон кој го доби на натпреварот Осасуна-Реал Мадрид се уште се тема во фудбалскиот свет. Ова го коментираше и Пеп Гвардиола пред натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Да потсетиме, Белингам беше исклучен на натпревар од шпанската лига, откако, како што тврди, си рекол да „од**би, а судијата го исклучи затоа што сфатил дека пораката е за него.
Резултатот беше гневот на Реал Мадрид, кој инсистираше на тоа дека не се третирани фер од судиите, и навивачите на Реал кои го преплавија профилот на Инстаграм на судијата со закани. Во пресрет на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, од тренерот на Сити, Пеп Гвардиола беше побарано да ја коментира ситуацијата.
“Мојот англиски јазик е добар, но не ја разбирам разликата помеѓу тие два пцовни зборови. Она што е важна е намерата, а не навредата. Најдобро е да не го направиш тоа и да го оставиш судијата на мира. Отсекогаш имало лоши одлуки. Треба да го прашате Џуд што мисли. Тоа е она што е важно”, рече Гвардиола и додаде:
„Можеби можеш да навредиш некого со широка насмевка на твоето лице. Тоа не би било толку лошо, нели? Прочитав дека е отворена истрага. Леле. Ајде, те молам. Остави го судијата на мира“.
Реал и Сити играат натпревар од 21 часот. Првиот натпревар одигран на „Етихад“ заврши со победа на Реал од 3:2.