Жута и соиграчите на улица, се тушираат со ладна вода

463

И тоа се случува во фудбалска Европа. Не е само случај Македонија, да еден клуб во највисокиот ранг на натпреварување, финансиски колабира, а со тоа и на секој друг начин.

Прволигашот во Хрватска, Шибеник, за кој што настапува некогашниот македонски репрезентативец Леонард Жута е пред колапс. Синдикатот на професионални фудбалери на Хрватска ова го потврдува наведувајќи дека голем дел од играчите, членови на Шибеник се обратиле до него за помош и решавање на ситуацијата.

Според информациите, Шибеник не само што не исплатува лични примања веќе подолг период, туку играчите се исфрлувани од становите поради неплатени кирии. Во клубот немало и струја, па немало ниту топла вода.

Шибеник инаку е последнопласиран во ХНЛ и е речиси сигурен патник во второлигашката конкуренција. А дали ќе се најде решение наскоро за проблемите кои клубот ги има останува да видиме.

 

ПретходноПозната е казната за Белингем, Реал Мадрид ќе се жали!
СледноАмбасадорот на САД во Македонија, г-ѓа Агелер одржа прием за машкиот национален ракометен тим! (ФОТО)