По цели 42 години легендарниот Анте Костелиќ деновиве е во посета на Битола. Град во кој тој пред повеќе од четири децении работеше и живееше. Инаку Костелиќ е вистинска светска, пред се хрватска легенда во скијањето, тој е творецот на скијачкото чудо – Јаница и Ивица Костелиќ, инаку негови деца.
Легендарниот Костелиќ денеска беше во посета на ракометниот храм “Боро Чурлевски“ во Битола каде утре ќе се одигра мечот од Лигата на Шампионите во ракомет меѓу Пелистер и Динамо Букурешт. Секако дека имаше средба и со ракометарите на нашиот шампион и секако дека им посака многу среќа и успех на пелистерци.