Ливерпул ремизираше кај Астон Вила во меч со многу промашувања (ВИДЕО)

131

Астон Вила и Ливерпул ремизираа 2-2 во возбудлив натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига, кој вечерва се одигра на „Вила Парк“ во Бирмингем. Ливерпул тргна подобро, Астон Вила направи пресврт до полувреме, а во вториот дел видовме гол за израмнување на гостите и ревија промашувања на двете страни.

Во 29. минута голема грешка направи десниот бек на домашните, Гарсија, кој ја испрати топката директно во нозете на Жота, а несебичниот Португалец го пронајде Салах, на кој не му беше тешко да постигне гол од непосредна близина за 0:1.  Во 38. минута Јури Тилеманс постигна израмнувачки гол за 1:1, а во судиското надополнување на првото полувреме, Оли Воткис по асистенцијата на Диње погоди за целосен пресврт – 2:1.

Во вториот дел видовме неколку чисти шанси и на двете страни, но гол немаше. Се до 61. минута, кога Александар Трент-Арнолд погоди за 2:2. До крајот Њуњез промаши зицер за Ливерпул, а Астон Вила не успеа да погоди на неколкупати од добри шанси, од кои последната во 95. минута ја имаше Мален.

ПретходноШтип УГД, Борец и Струмица се полуфиналисти во Купот
СледноЛШ: Реал покажа кој е „кралот“, ПСЖ го „згази“ Брест (ВИДЕО)