ЛШ плеј-оф: Мега – спектакл во Мадрид! Реал или Сити, кој ќе оди во 1/8 финалето?

141

Вечерва во вообичаените термини се играат последните четири реванш средби од плеј – офот во Лигата на Шампионите. Ќе видиме кои четири екипи ќе им се придружат на Баерн Минхен, Бриж, Феенорд и Бенфика во следната фаза во ЛШ, поточно во 1/8 финалето.

Јасно е дека цел фудбалски свет е во исчекување на она што вечерва ќе се случува на “Сантијаго Бернабеу“, каде Реал Мадрид го дочекува Манчестер Сити. “Кралевите“ почнуваат со предност од 3:2, заработена минатата недела на „Итихад“. Далеку од тоа дека се е готово, Пеп Гвардиола и со своите момци секако дека нема да се предаде така лесно, но на потег е четата на Карло Анчелоти.

Очекуваме нов спектакл во изведба на Мбапе, Винисиус, Белингем, Халанд, Мармуш, Де Брујне…уф, едвај чекаме да почне.

ПСЖ и Дортмунд ќе стават заверка на пласманот во осминафиналето, ако се знае дека на првите мечеви и тоа како гости славеа со по 3:0 кај Брест и Спортинг. Јуве гостува кај ПСВ со предност од првиот меч со 2:1.

Ќе има тука и тоа каква борба.

ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА

18:45 Дортмунд – Спортинг (3:0)

21:00 ПСЖ – Брест (3:0)

21:00 ПСВ – Јувентус (1:2)

21:00 Реал Мадрид – Манчестер Сити (3:2)

*Во загради се резултатите од првите мечеви

Image

ПретходноОФС Охрид спротивно на својот Статут закажува Собрание. ФФМ нема да има претставник на Собрание спротивно од Статутот
СледноСелекторот на Естонија смета: Шортс носи предност за Македонија, но и за нас!