Фудбалерите на ПСВ ја совладаа екипата на Јувентус со 3:1 во вечерашниот натпревар од Лигата на Шампионите. Двете екипи мораа да одиграат дополнителни 30 минути за да се добие победникот на двомечот и тоа на крајот беше холандскиот тим.
Првиот натпревар во Торино заврши со победа на Јувентус од 2:1, па така екипата на Тиаго Мота влезе дефанзивно во натпреварот и го чуваше водството. Првиот гол падна дури во 53-тата минута кога Иван Перишиќ ја затресе мрежата на Јувентус. Десет минути подоцна Тимоти Веа го изедначи резултатот и му ја врати предноста на италијанскиот тим. Во 74-тата минута Салибари погоди за 2:1 и мечот отиде на продолженија.
Во 98-та минута Фламинго го постигна победничкиот погодок за својот тим и го однесе ПСВ во осминафиналето.
Ждрепката за осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите ќе се одржи во петок во 12:00 часот во Куќата на европскиот фудбал во Нион, Швајцарија.
Champions League bracket ahead of Friday’s draw
📸 @ActuFoot_ pic.twitter.com/SpJRQtA3qK
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) February 19, 2025