ЛШ: Реал покажа кој е „кралот“, ПСЖ го „згази“ Брест (ВИДЕО)

346

Фудбалерите на Реал (М) и вторпат го совладаа англискиот шампион Манчестер Сити во плеј-оф колото од Лигата на шампионите и го потврдија своето место во осминафиналето на најсилното европско клупско натпреварување. Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, Реал беше тотално доминантен против Манчестер Сити и на крајот славеше со 3:1.

Гостите беа комплетно надиграни и Реал уште во раната фаза на мечот успеа да го потврди својот пласман во следната рунда. Мбапе со двата гола во 4. и 33. минута успеа на домашните да им донесе предност од 2:0, а Французинот со својот трет гол во 61. минута го потврди својот врвен настап и местото на „кралевите“ во осминафиналето. Манчестер Сити во последните секунди од мечот со еден среќен гол на Нико Гомнзалез само успеа да намали на 3:1.

Уште подоминантни вечерва беа фудбалерите на ПСЖ кои со 7:0 на домашен терен го прегазија Брест. По оние 3:0 од првиот меч, ПСЖ даде уште 7 гола вечерва и со вкупни 10:0 го елиминираше локалниот ривал. Головите за ПСЖ вечерва ги постигнаа Баркола, Кваратскелија, Витиња, Дуе, Мендеш, Рамос и Мајулу.

Последниот патник во осминафиналето ќе го дознаеме по дополнителните 30 минути на мечот меѓу ПСВ и Јувентус, каде во регуларниот дел беше 2:1 и Холанѓаните по оние 1:2 за Јуве на првата средба се изборија за продолженија.

ПретходноЛиверпул ремизираше кај Астон Вила во меч со многу промашувања (ВИДЕО)
СледноЛШ: Помор на италијанските клубови, испадна и Јувентус