Најдобриот стрелец во ПМФЛ со трансфер во Казахстан!

530

Ѓорѓе Ивковиќ, досегашниот напаѓач на Брера и најдобриот стрелец во ПМФЛ во есенскиот дел со 9 погодици, направи трансфер во Казахстан, Имено српскиот интернационалец потпиша и беше промовиран во Актобе, еден од најпознатите клубови во таа земја.

Инаку Ивковиќ во Брера се задржа само една година и веднаш ги освои симпатитите на струмичките фудбалски фанови, беше еден од најдобрите фудбалери не само на Брера туку и во ПМФЛ.

Искусниот напаѓач по вторпат ќе игра во Казахстан, но за првпат во Актобе.

ПретходноЛегендарниот Анте Костелиќ им посака среќа на ракометарите на Пелистер пред утрешниот дуел со Динамо Букурешт! (ФОТО)
СледноДербито Струга ТЛ – Вардар се игра в сабота!