Екипите на Работнички, Наковски Волеј и Јанта Волеј КВ обезбедија пласман во полуфиналето од Купот на ОФМ 2025 во женска конкуренција.
Одбојкарките на Работнички со 3:0 го победија Младост УГД, Наковски Волеј во три сета го елиминираше Вардар ЕМ, додека Јанта Волеј КВ со максимален резултат ги совлада Газели Волеј. Трите клуба ја потврдија фаворитската улога во четвртфиналните дуели и ќе бидат дел од финалниот турнир од Купот, на кој ќе се борат за првиот трофеј сезонава.
Последниот патник во завршницата ќе биде познат утре, за кога е закажан мечот меѓу Фит Фан Волеј и Пелистер Волеј.
ПОЛУФИНАЛЕ КУП НА ОФМ 2025 ЖЕНИ
Наковски волеј – Вардар ЕМ 3:0 25:6 25:15 25:13
Јанта волеј – КВ Газели волеј 3:0 25:20 25:21 25:21
Фит фан волеј – Пелистер волеј (утре)
Работнички Скопје – Младост УГД 3:0 25:18 25:14 25:13