Новак елиминиран и во двојки на турнирот во Доха!

85

И дефинитивно Новак Ѓоковиќ е далеку од потребната форма. Откако беше елиминиран во снингл на турнирот во Доха, попладнево тој заедно со Фернандо Вердаско, го заврши својот настап и во двојки.

Ѓоковиќ и Вердаско беа поразени од Хелиовара и Патен со 2:0 во сетови или 7:5 и 6:4 во гемови.

Со ова Новак си оди дома, а Вердаско оди во пензија, ова за него беше последен натпревар во неговата играчка кариера.

Ова значи дека најдобриот тенисер во историјата ќе мора да почека до својот 100-ти трофеј во кариерата. Да потсетиме дека Новак пред почетокот на овој турнир истакна дека негова цел во Доха ќе биде да дојде до јубилејниот, стотиот трофеј во кариерата.

ПретходноТео Ернандез јавно се извини: Чувствувам големо разочарување, им се извинувам на соиграчите и навивачите!
Следно“Бомба“ од Мадрид: Наследникот на Карло Анчелоти ќе биде Шпанец, но не е Чаби Алонсо!