ОФС Охрид спротивно на својот Статут закажува Собрание. ФФМ нема да има претставник на Собрание спротивно од Статутот

681

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација дека закажаното Собрание за 19.02.2025 година на ОФС Охрид не е закажано во согласност со Статутот на ОФС Охрид во кој е утврден рок од 30 дена од денот на закажување до денот на одржување на Собранието.

Имено, Управниот одбор на ОФС Охрид на седница одржана на 27.01.2025 година го закажува своето Собрание за 19.02.2025 година. Одлуката на Управниот одбор на ФФМ донесена на 27.12.2024 година не е променета, а тоа значи дека Фудбалската федерација на Македонија нема да има претставник на Собрание кое е закажано спротивно на одредбите од Статутот на Општинскиот фудбалски сојуз – Охрид.

ПретходноЛамине Јамал: Барса, Реал и Атлетико не треба да се жалат на судиите
СледноЛШ плеј-оф: Мега – спектакл во Мадрид! Реал или Сити, кој ќе оди во 1/8 финалето?