Познато е што бара Салах за потпишување на нов договор со Ливерпул!

904

Мохамед Салах игра фантастично оваа сезона во дресот на “Редси“. Тој е еден од главните ако не и главен фактор за успесите на тимот од “Енфилд“. Сепак фановите на Ливерпул стравуваат дека ова за “Фараонот“ ќе биде последна сезона во нивниот омилен тим, а тоа во неколку наврати го спомена и самиот Салах.

Него договорот му истекува во јуни, има преговори со раководството на Ливерпул, но засега нема договор. Во меѓувреме ПСЖ и клубови од С. Арабија му нудат вистинско богатство.

Сепак според инсајдерски информации, медиумите на Островот пренесуваат дека Салах, преку своите менаџери, побарал двојно поголема плата на неделно ниво.

Имено тој сега заработува бруто 350.000 фунти, и тоа значи дека ако Ливерпул прифати тогаш би заработувал 700.000 фунти неделно, се разбира бруто. Кога се ќе се собере тогаш годишната плата на Салах во Ливерпул со новиот договор би била 34 милиони фунти, бруто. Нешто слично, ако не и повеќе, од онаа плата со новиот договор на Ерлинг Халанд со Манчестер Сити.

ПретходноБорусија (Д) со реми на домашен терен го потврди осминафиналето во ЛШ
Следно„Јас и Верстапен пријатели? Никогаш!“