Македонската кошаркарска репрезентација е пред два важни меча во квалификациите за пласман на ЕП 2025 година. Дали нашите момци ќе имаат шанси да се најдат на континенталното натпреварувње, одговорот ќе биде познат во петок кога и гостуваат на Естонија во претпоследниот квакификациски меч. Противникот мора прво да се совлада со над пет поени разлика за да не згасне европскиот сон, а потоа да се исполнат и останатите услови: победа над Полска дома и триумф на Литванија против Естонија.
Македонија за разлика од првата средба, во составот го нема Итан Хап, но затоа на плејмејкерската позиција ќе напаѓа со еден од најдобрите кошаркари во Евролига, Ти-Џеј Шортс, кој заедно со одличниот Ненад Димитријевиќ треба да бидат „убиствен“ тандем.
На овој податок, коментар имаше и селекторот на Естонија, Хајко Ранула, кој е свесен за силината и квалитетот на Нено и Шортс, но не се плаши, предноста ја гледа под обрачите.
„Нашата цел не е да избегнеме пораз од Македонија, туку да го освоиме првото место во групата. Македоната репрезентација во составот ќе го има Ти-Џеј Шортс, кој ќе ја направи нивната игра побрза, но и непредвидлива. Сепак ова за нас значи и предност, особено по обрачите, каде очекувам да доминираме“, изјави селекторот на Естонија.